Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Синоќа средби со граѓани од населените места Рич и Попчево

Градоначалникот на општина Струмица – Коста Јаневски и неговите соработници синоќа одржаа средби со жителите на населените места Рич и Попчево. На средбите разговараа за проблемите кои што ги имаат и кои ќе може да се решат во буџетската 2019-та година.

Како едни од поприоритетните проекти граѓаните ги посочија: подобрување на уличното осветлување, асфалтирање и тампонирање на улици и патишта, санација на водоводната мрежа, филтер станица, резервоар за вода, да се средат игралиштата, да се реконструира старата амбуланта, со цел подобрување на животот во нивните населени места.

Собирите продолжуваат и денес (22.11.2018-та година) во населените места Костурино, Раборци и Добрејци во 18, 19 и 20 часот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.