Никола Андонов е познато лице на локалната политичка сцена во струмичко. Од 2005-та до 2009-та година, повторно застапувајќи ги боите на СДСМ, ја вршеше функцијата градоначалник на Ново Село, која сега со скратен период од две години ќе продолжи да ја врши по пауза од една деценија.
66-годишниот менаџер од Колешино на јавната позиција доаѓа од приватниот сектор, како сопственик и основач на компанијата „Колид фуд“ од Колешино, која брои 280 вработени.
Во својот прв мандат Андонов може да се пофали со повеќе започнати и реализирани проекти на тетироријата на цела општина Ново Село. Од кои, може да се издвои булеварот во Ново Село, почетокот на изградбата на канализациона мрежа во Ново Село која сѐ уште не е завршена, филтер станица како и таложник за водата за пиење, повеќе асфалтирани локални патишта и друго.
Сепак можеби побитно е да се спомнат клучните проекти кои ги најави во кампањата за новиот полу-мандат.
- Завршување на канализационата мрежа во Ново Село и другите населени места во општината.
- Чиста вода за пиење во населените места во општината преку изградба на филтер станици.
- Развој на руралниот тузирам во општина Ново Село, преку реконструкција на туристичките објекти, изградба на нови, како и јакнење на брендот на општината како туристичка дестинација.
- Формирање на одделение кое ќе им помага на постарите и помалку упатените лица при аплицирање за субвенции и проекти од предпристапните фондови на ЕУ.
- Отворање на канцеларии на министерствата и централните инстанци на власта во Ново Село, со што, нивните услуги би станале полесно достапни за населението кое сега истите ги обавува во Струмица.
- Зачувување и унапредување на здравата животна средина, како и користење на своите ингеренции во борбата против отворањето на рудници на планината Огражден, вклучувајќи го и рудникот во Иловица.
Градоначалникот Андонов на функција доаѓа по повлекувањето на претходниот градоначалник од истата, кој беше осуден за шверц со цигари. Во вакуум периодот функцијата В.Д. градоначалник ја вршеше неговиот млад сопартиец Горан Цветков.
При извршување на функцијата градоначалник на Ново Село, Андонов ќе мора да соработува со актуелниот состав на Советот на Општината кој брои 15 члена, од кои мнозинството, или 8 од редовите на својата матична партија.
Тоа што ќе до дочека Андонов при превземањето на началствувањето со оштината е и проблемот со слабата транспарентност на Општината, која според невладината Еко-Правда е последна во југоисточниот регион, единствено рангирана како општина со минимална транспарентност.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.