Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за уште една мерка што за прв пат се воведува во историјата на нашата земја на целата територија.
На седница на Владата на Република Северна Македонија, која што туку заврши, донесе одлука за воведување најрадикални мерки со цел да го заштити здравјето на граѓаните од коронавирусот.
Од утре, недела, 22. март, започнува ограничувањето на движењето на сите граѓани, односно полициски час, во периодот од 21 до 06 часот, секој ден.
“Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата.” стои во соопштението на Владата.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.