Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Се распределуваат нови 8.500 стандардизирани канти за комунален отпад

Од денес екипите на ЈКПД „Комуналец“ – Струмица започнаа со распределба на канти за комунален отпад со зелена боја и тоа за жителите на населените места Баница, Водоча и Вељуса. Со доделувањето на кантите за смет се очекува дека ќе исчезнат дивите депонии посебно во овој дел од општината. 

„Кантите се наменети исклучиво за индивидуалните домаќинства. Важно е да напоменеме дека тие ќе се делат бесплатно и истите ќе бидат на товар на ЈПКД „Комуналец“ и општина Струмица. До граѓаните апелираме на домаќинско користење на кантите за отпад. Исто така, секоја друга канта за отпад освен овие кои ќе бидат поделени нема да се подигаат – изјави Бранко Горѓиев – Раководител на одделението „Комунална хигиена“ при ЈПКД „Комуналец“.

Aцијата ќе продолжи во текот на цел месец август, каде ќе бидат поделени 8.500 канти од 120 литра и ќе бидат офатени сите населени места, како и градот Струмица.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.