ЈПКД „Комуналец“ – Струмица работи на поставување нова атмосферска канализација на улицата „Ацо Караманов“, со цевки со димензија Ф-400. Истовремено се врши и реконструкција на сливниците.
Со реализација на овој проект ќе се опфатат површинските води во овој дел на градот, со што при обилни врнежи ќе се намали количината на дождовна вода и ќе се реши проблемот со поплавување, но и со тешко движење на возила низ улицата.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.