Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Се одржа традиционалната модна ревија на Здружението за поддршка на лица со даунов синдром „Вера“ од Струмица

Трета година по ред, во чест на 3. декември, Светскиот ден на лицата со попреченост, Здружението за поддршка и помош на лица со даунов синдром „Вера“ од Струмица, организираше модна ревија каде нејзините штитеници во функција на модели прошетаа по импровизираната модна писта, пропратени со познати ликови од Македонија.

Годинава на пистата продефилираа околу 20 модели, а новина беше тоа што покрај познатите лица, на сцената друштво им правеа и нивните другарчињата.

Настанот и овојпат имаше хуманитарна карактеристика, но наместо наплата на билет во салата беше поставена кутија за донации.

На настанот учество зедоа и градоначалникот Коста Јаневски, како и градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.