„Етно Вешта Жена“, традиционално во организација на „Вешта Жена“ и жените од Струмица, се одржа вчеравечер, 24. ноември, во ресторанот „Студио Ин“.
Оваа манифестација освен што има за цел да се прикаже и задржи идентитетот, религијата, културното наследство на една нација, исто така има за задача да ги продолжи традициите во наредните поколенија со директното учество во самиот настан на нашите деца, преку организација на локалните училишта.
Програмата опфаќа ангажирање на самите деца во изработка на експонати од теста, колачи,фондан и ваквите експонати ке бидат лицитирани.
Средствата ќе бидат наменети за хуманитарни цели, а дечињата ќе имаат средби со деца од цела Македонија во пролетниот период во Дојран каде ке имаат можност да се запознаат со нови другарчиња, разменат контакти меѓусебно и враќање на една стара традиција, допишување преку писма.
Програмата на овој настан вообичаено изобилуваше со традиционални македонски јадења, етно аранжирање на самиот амбиент, учество на многу традиционални жени од поднебјето на Струмичко и околината, а за најетно специјалитет беа доделени и награди.
Забавниот дел од манифестацијата беше пополнет со традиционални македонски игри и ора со народна фолкорна носија.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.