Во големата сала на Домот на АРМ во Струмица, се одржа првата форумска сесија од Проектниот форум, кој што се реализира во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ финансиран од УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка.
На Форумот учествуваа граѓани од урбаните и месните заедници, општинската администрација и претставници на невладиниот сектор кои се запознаа со активностите и целите на форумскиот процес и даваа приоритет на тема за која подоцна ќе биде избран проект за кој донаторите предвидоа 50 илјади швајцарски франци.
Учесниците на првата сесија ги поздрави градоначалникот на општината – Коста Јаневски.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.