Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Се обновуваат и реновираат детските игралишта и јавните површини во Струмица

Деновиве започна санацијата на детските игралишта на јавните површини во општина Струмица. Се обновуваат сите уништени реквизити наменети за рекреација и одмор кои повторно ќе им бидат во служба на децата.

Дел од реквизитите беа оштетени и поради нивно несовесно користење од страна на возрасни граѓани иако истите се наменети само за деца.

ЈПКД „Комуналец“ – Струмица апелира до граѓаните да се воздржат од деструктивно однесување бидејќи се работи за игралишта и реквизити кои го разубавуваат јавниот простор и каде најмладите заедно со своите родители се дружат и социјализираат. Уништувањето на средината во која живеат, освен што е неодговорно, е и законски казниво дело.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.