Eкипи од „Одржување и управување со јавно зеленило“ при ЈПКД „Комуналец“, денес, продолжија со акцијата за кроење на дрворедите низ Струмица.
Се започна од улицата „24. Октомври“ т.е од раскрницата кај поранешен „Комуналец“ и се планира да се кројат дрвјата од двете страни на улицата до државната болница.
Поради присуство на механизација со која се кројат и отстрануват сечените гранки се молат сите граѓани да ги отсранат и да не ги паркираат своите возила од 9 до 16 часот на посочената локација.
Во исто време се известуваат и останатите граѓани дека за тоа време улицата „24 Октомври“ ќе биде затворена за сообракај .
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.