Од 5-ти август 2019-та година (понеделник) започнаа подготвителните работи за асфалтирање и асфалтирање со втор слој на делници од булеварот „Ленинова“, ул.„Бетовенова“, кружниот тек на плоштадот „Народна Револуција“ (Бурчо) и крпење на ударни дупки на повеќе локации во градот.
Општина Струмица ги известува граѓаните дека градежните активности ќе се одвиваат во наредните две до три недели и во овој период ќе има посебен сообраќаен режим.
Се апелира до граѓаните за разбирање поради изведување на работите.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.