Во рамките на Програмата за уредување на градежно земјиште на општина Струмица за 2018-та година, во Струмица и населеното место Попчево се изведуваат бетонски работи.
Во Струмица завршена е реконструкцијата на дел од тротоарот на улицата „Браќа Миладиновци“ и бетониран е џеб на улицата „Младинска“.
Во населеното место Попчево пак, бетонирана е една улица а ќе се бетонираат и останатите, кои се планирани во Програмите на општина Струмица за оваа година.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.