Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Се асфалтира улица во населеното место Еднокуќево

Почна асфалтирањето на улица во должина од 323 метри во населеното место Еднокуќево. Како што изјави градоначалникот на општина Босилово – Зоран Зимбаков, за асфалтирањето на оваа улица потребни се 190 тони асфалт.

Инаку станува збор за улицата која е на потегот од селската џамија до спојот од локалниот пат Муртино-Еднокуќево.

Со реализацијата на овој проект ќе биде овозможено поврзувањето на овие две населени места, односно поврзување со асфалтен пат на општините Струмица и Босилово.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.