Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Се асфалтира улица во населеното место Босилово

Продолжува реализацијата на Програмата за улици и патишта во општина Босилово. Како дел од оваа Програма е и асфалтирањето на улица во населеното место Босилово, во должина од 370 метри, при што ќе биде овозможено поврзување на магистралниот пат А4 со дел од локалните улици кои што гравитираат со многу куќи – истакна првиот човек на општината Зоран Зимбаков.

Зимбаков истакна дека општината е во фаза на аплицирање и за асфалтирање на други локални патишта и улици а истовремено се реализира и Годишната Програма, според која, наредната недела почнуваат градежните активности и во населеното место Иловица, каде ќе биде асфалтирана улица во должина од 550 метри.

Според Зимбаков, за околу два месеци треба целосно да заврши оваа реализација со што, граѓаните ќе добијат пристапен пат со асфалт до своите домови.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.