Се одржа изборот за најдобари каратисти во Македонија од страна на Македонската традиционална карате федерација.
Според Федерацијата најдобар клуб во младинска конкуренција во Македонија е „Шихан“ клубот од Струмица, a најдобар тренер во младински категории е Атанас Василев.
Она што е посебно значајно за струмичкиот спорт е освоеното прво место во конкуренција на младинци/јуниори на Самет Есадов од Струмица.
Во категорија на сениори наградата за најдобар каратист отиде кај Дејан Недев, а кај сениорките кај Јадранка Недева.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.