Филмот „Ругање со Христос“ на режисерот Јани Бојаџи премиерно ќе биде прикажан во Швајцарија („Se moquer du Christ“) и тоа во Женева на 02-ри мај и Ешален на 05-ти мај.
Претходно филмот ќе биде прикажан и на 30-ти април во Охрид, во Центарот за култура „Григор Прличев“.
„Ругање со Христос“ во Струмица премиерно беше прикажан на 06-ти декември 2018-та година, во Центарот за култура „Антон Панов“. Главни улоги во филмот се: Љупчо Тодоровски, Јоана Пилиху, Јоана Поповска и Мето Јовановски.
Филмот прикажува луѓе кои се во потрага на својот идентитет и стравот од она што може да се открие во таа потрага. „Ругање со Христос“ е филм за потребата да се дефинираме кои сме и што сме.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.