Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Ревијата „Убави сме, свои сме“ на лица со посебни потреби за вторпат во Струмица

На 2.12.2018-та година (недела), со почеток од 16 часот во хотел „Вила Парк“ – Струмица, ќе се одржи модна ревија на лица со посебни потреби, во организација на Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“ од Струмица.

На ревијата под мотото „Убави сме, свои сме“ ќе учествуваат околу 30 модели од Струмица и останатите градови, кои ќе бидат придружувани од познати личности од Македонија, меѓу кои: пејачи, спортисти, политичари и други јавни личности, како и деца со типичен развој, кои заедно со децата со посебни потреби ќе изведат неколку точки.

Ревијата е поделена на два дела во која ќе учествуваат две групи од по 15 модели, како и забавен, музички дел на кој две лица со попреченост ќе пеат.

Целта на ревијата е да потсети дека не треба само еден ден во годината да им се посвети на овие деца и дека тие се еднакви во ова општество и треба да ги имаат истите права како и останатите деца.

Ревијата по втор пат се одржува и годинава нема да се наплаќа влез, но ќе биде поставена кутија за донации.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.