Во текот на петтата недела од 2019-та година (од 28.01 до 03.02) пријавени се нови 1.252 случаи на заболени од грип или други заболувања слични на грип, што е речиси двојно зголемување во споредба со минатата недела, информираат од Институтот за јавно здравје.
Регистрираната инциденца oваа недела за прв пат оваа сезона е над неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (35,1/100.000). Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 50 материјали за тестирање на грип, од кои 28 (56%) позитивни за присуство на вирусот на грип – 24 Influenza A(H1N1)pdm09, 2 Influenza A(H3) и 2 Influenza А несуптипизиран.
Најголем број заболени (n=826; 66,0%) се пријавени во најголемата возрасна група од 15-64 години, а највисока инциденца од 91,6/100.000 жители е регистрирана кај децата од возрасната група од 5-14 години (Гарфикон 3).
Оваа недела пријавени се заболени лица од 25 извештајни единици. Најголем број заболени се пријавени од подрачјето на ЦЈЗ Струмица (n=176), а највисока инциденца е регистрирана на подрачјето на ПЕ Кратово (I=313,5/100.000).
Според ИЗЈ најефикасна заштита против сезонски грип е вакцинацијата. Податоците на Управата за електронско здравство покажуваат дека, вакцинирани се вкупно 19.960 лица со бесплатни вакцини против сезонски грип, односно 71,3% од вкупниот број на пријавени вакцини.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.