Во организација на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ од Скопје, која го спроведува проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“, во ООУ „Сандо Масев“ од Струмица се реализираше обуката „Диференцирање на учењето и наставната програма според различните интереси и способности на учениците“.
На обуката учество зедоа наставници и стручни соработници од трите училишта, вклучени во овој проект: ООУ„Сандо Масев“ – Струмица, ООУ „Гоце Делчев“ – Вељуса и СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, како и претставници од одделението за образование од општина Струмица.
Проектот е финансиран од Европската Комисија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) 2016-2017 – Поддршка за граѓанското општество преку национални програми за поддршка и се спроведува од март 2018-та до февруари 2020-та година.
Општина Струмица, во рамките на донесената стратегија за образование и одредените приоритети за системска поддршка за едукација и стручно доусовршување на воспитно-образовниот кадар активно се грижи за градење на капацитетите на локалната администрација и на воспитно-образовниот кадар за вклучување на образованието во активностите во локалната заедница.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.