На тема „Карневал-Еротика“ – Струмица 2019-та, распишан е конкурсот за 20-тиот Меѓународен фестивал на афоризам и карикатура.
Во категорија афоризам, секој автор може да учествува со збир од најмногу 10 афоризми отпечатени во три примероци со шифра и со податоци за авторот во затворен плик. Учесниците можат да учествуваат со повеќе трудови од по 10 афоризми со шифра за секој труд.
Во категорија карикатура, секој автор учествува со најмногу 3 карикатури, работени во техника по избор на авторот, со димензии А4. На секоја карикатура треба да стојат податоци за авторот на задната страна.
Краен рок за пристигање на трудовите е 19-ти февруари 2019-та година. Делата се испраќаат на адреса: НУ Центар за култура „Антон Панов“ , Пл.„Гоце Делчев“ бб, 2400 Струмица, Р.Македонија. Со назнака: За конкурсот за афоризам и карикатура.
Се доделуваат три награди: златна, сребрена и бронзена плакета, со право на организаторот да додели одреден број дополнителни награди. Доделувањето ќе биде на 11 март 2019-та година (понеделник).
Пристигнатите дела остануваат во сопственост на организаторот, кој го задржува правото за нивно презентирање во јавност, по можност во каталог или друг вид на публикација.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.