Пунктот за бездомници на ООЦК Струмица вчера прими уште едно бездомно лице. Од ОО на „Црвен Крст“ – Струмица велат дека и понатаму ја продолжуваат соработката со Центарот за социјални работи за сместување на лица од висок социјален ризик на овие минусни температури.
Тие упатуваат посебна благодарност до градинката која на лицата им обезбеди топол оброк во текот на денот.
Сѐ уште е активен и апелот за донирање топла облека за возрасни машки лица. Тие повикуваат на хуманост од сите граѓани, на овие минусни температури.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.