Вкупно 639 првачиња од основните општински училишта од општина Струмица денеска станаа членови на Детската организација. По тој повод се одржа свеченост во големата сала во Центарот за култура „Антон Панов“ а во организација на Домот за деца и млади „Благој Мучето“.
Приемот во големото детско семејство на првачињата од општина Струмица им го честиташе градоначалникот Коста Јаневски. Тој ги советуваше да ги извршуваат нивните обврски како ученици, но секогаш треба да знаат дека како деца имаат свои права кои возрасните треба да ги почитуваат.
Под мотото „Градиме мостови, чекориме кон иднината“ годинава во првата полна недела од месец октомври се одбележува Детската недела. Приемот на првачињата во Детската организација е дел од одбележувањето на Детската недела и се одржува секоја година.








Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.