Утрово околу 06:30 часот на автопатот Градско – Велес, патничко возило „Рено Еспејс“ со струмички регистарски ознаки управувано од страна на непознато лице, удрило во заштитната ограда и се превртело.
Како што соопштија од МВР, возачот по незгодата избегал од местото на несреќата а во возилото биле пронајдени 13 мигранти, од кои двајца биле повредени. Повредените биле пренесени во Општата болница во Велес а потоа префрлени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот а екипа на СВР од Велес извршила увид на местото на настанот.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.