Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Пронајдени 185 килограми марихуана во викенд куќа на 21-годишен струмичанец

На 27.11.2018 година, во време од 19:40 часот до 21:30 часот, во викенд куќа на место викано „Суви Лаки“, атар на општина Берово, сопственост на лицето М.П (63) од Струмица а која ја користи и неговиот син М.П.(21) од  Струмица, врз основа на Наредба од Судија на претходна постапка при Основен суд – Берово,  извршен е претрес на дом и помошни простории – при што во помошна просторија (остава-шупа), пронајдена е марихуана спакувана во  18 полиетиленски кеси со маса од околку 185 кг.

По преземените истражни дејствија, во викенд куќата исто така пронајдена е марихуана. Лицето  М.П (21) од Струмица е лишено од слобода и задржано во СВР Струмица.

СВР Струмица работи на целосно расчистување и документирање на настанот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.