На 07.02.2019-та година во 22 часот на регионалниот пат село Банско – „Свидовичка раскрсница“, запрено е и контролирано патничко моторно возило „БМВ“ со струмички регистарски ознаки управувано од А.С.(23) од село Банско, струмичко.
При преглед во возилото пронајдена е марихуана, семки од марихуана и метална дробилка. Лицето е лишено од слобода во СВР Струмица.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.