Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Промовиран концептот „Струмица грижлив град“

Во Струмица беше промовирана иницијативата на општината за реализација на концептот „Струмица грижлив град“.

Според Тони Милушев, раководител на Одделението за локален економски развој, се работи за еден сериозен проект во кој општината има намера во рамките на „Платформата за унапредувањето на квалитетот на живот на ранливите категории на граѓани во општина Струмица“, во наредниот петгодишен период максимално да се посвети на идентификација, утврдување и решавање на сите проблеми со кои се соочуваат ранливите групи граѓани во локалната заедница во рамките на локалните и владините политики, доближени до европските принципи и стандарди.

За реализација на активностите од овој проект тој истакна дека ќе се финансира од Буџетот на општина Струмица, од други извори на финансирање или пак меѓународни извори на финансирање, меѓутоа, во наредните пет години точно утврдената активност по приоритет да биде и стопроцентно реализирана.

Концептот „Струмица грижлив град“ ќе се рализира со заедничко учество на сите чинители и тоа владини и локални институции, граѓански сектор и други заинтересирани страни.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.