Во Дом на АРМ Струмица се одржа промотивна средба во организација на Мировниот корпус.
На средбата присуствуваа претставници на воспитно-образовните институции и невладиниот сектор од општина Струмица и градоначалникот – Коста Јаневски. Целта беше запознавање со новиот повик за аплицирање за волонтер од Мировен корпус за оваа година.
Градоначалникот Јаневски го пренесе позитивното искуство од повеќегодишната плодна соработка што го има општина Струмица со Мировниот корпус, изразено преку присуството на пет волонтери кои со својата работа во изминатите години дадоа значителен придонес во развојот на нашата заедница.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.