На 10.01.2019-та година (четврток) во манастирот „Св.Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“ во Струмица, со почеток од 18 часот, ќе биде промовирана книгата за деца „Светилници на светот“.Книгата се издава по повод Рождеството на Спасителот Господ Исус Христос, издавач е Струмичка епархија – манастирот “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”.
Таа содржи житија на светители од нашите простори: Пресвета Богородица, Собор на сите македонски светители, св.Кирил и Методиј, св.Климент и св.Наум Охридски, св.Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, св.Леонтиј Струмички, св.Теофил Струмички, св.Лидија Македонска, св.Злата Мегленска, св.Јоаким Осоговски и св.Гаврил Лесновски.
Книгата е збогатена со илустрации од децата од Струмица и е прв дел од едицијата житија. Истовремено со промоцијата ќе се одржи и изложба на детските цртежи работени за книгата.
Промотор на книгата ќе биде викарниот епископ Јаков полјански.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.