Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Прогласени најдобрите творби од распишаниот конкурс посветен на заштитниците на градот

Во библиотеката „Благој Јанков Мучето“ – Струмица, беа прогласени најдобрите творби по распишаниот конкурс посветен на заштитниците на градот „Св.Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“. Во сите три категории пристигнале вкупно 40 литературни творби.

Во првата категорија – ученици од 6 до 9 одделение, првото место го освои Ивана Милева ученичка во 6 одделение од ООУ „Видое Подгорец“, второто место му припадна на ученикот од 8 одделение Тиме Крстев од истото училиште, а третото место на Дијана Георгиева, ученичка од ООУ „Гоце Делчев“ од Вељуса.

Во категоријата на средни училишта, првото место го освои Александра Атанасова од СОУ „Јане Сандански“ од Струмица, а во категоријата возрасни учесници првото место го освои Емилија Карафилоска од Охрид, второто Наташа Цоневска – Лазарева од Струмица и третото Славица Цветкова од Кочани.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.