Минатата недела во Каунас, Литванија, се одржа третиот состанок на претставниците од 6-те земји, кои се дел од Еразмус + Програмата „Пробот“, на кој присуствуваа и професорките од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, Софија Тошева и Елизабета Витанова.
На состанокот кој се одржа во средното инженерско училиште во Каунас, координаторот на проектот за Македонија – Софија Тошева зборуваше за неговата имплементација и направи негова дисеминација, додека пак, проф.Елизабета Витанова презентираше лекција на тема: „Граф на линеарна функција“.
Во проектот се вклучени 25 ученици од Грција, Италија, Литванија, Полска, Словенија и Македонија – учениците од „Јане Сандански“. Целта на проектот е роботиката да помогне во презентирањето на лекции од природните науки и да им помогне на учениците во програмирањето.
Во проектот учениците програмираат во програмскиот јазик Python и користат робот Лего Мајндсторм ЕВ 3, кој истите го крстија како „роботот Јане“. Проектот започна во ноември 2017-та и треба да заврши наесен во 2020-та година. На истиот работат и професорите Славица Милева-Ефтимова, Ванчо Белчовски и Бобан Цветковиќ.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.