Здружението за хумано-општествен развој „Проект Среќа“ и годинава организира хуманитарна акција – дел од проектот „Среќна Школска Година“, чија цел е собирање на средства за купување секаков вид училишна опрема, наменета за дечиња чии семејства не можат да го овозможат тоа.
Кутии за донации се поставени во неколку градови низ земјава, како и Струмица, во „Еурофарм аптеки“. Секој хуман граѓанин може да донира во зависност од желбите и можностите.
Во донаторскиот проект можат да се вклучат и компании и книжарници. Целта е да се израдуваат што поголем број на дечиња, бидејќи секое дете заслужува да биде среќно на први септември.
„Проект Среќа“ за првпат работеше на овој проект во 2016-та година кој беше успешно реализиран. Секоја година се поголем број на дечиња добиваат комплетна училишна опрема.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.