Општина Струмица деновиве работи на активно спроведување на планираните градежни активности во Струмица и населените места. Дел од нив се реализираат во населените места Муртино каде што моментално се асфалтираат три улици, бетонирање на улица во населеното место Попчево и градежни активности во населените места Куклиш и Банско.
Во градот пак, се асфалтира улицата „Ката Поцкова“ со одредени краци кои ја спојуваат оваа улица со улицата „Боро Поцков“.
Градоначалникот на општина Струмица – Коста Јаневски со своите соработници изврши увид во текот на градежните активности и истакна дека, нивното реализирање е од голема важност за жителите на овие населени места.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.