Во ООУ „Никола Вапцаров“ – Струмица, „Маршал Тито“ – Муртино и „Маршал Тито“ – Струмица, продолжуваат активностите во рамките на Проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“, финансиран од Детската фондација Песталоци од Швајцарија.
Наставниците кои изведуваат настава на различни наставни јазици и различни наставни предмети, реализираат заеднички часови со ученици од македонската и турската заедница, со што се подобрува меѓуетничката интеграција и соработката со локалната средина.
Учениците ги развиваат вештините и компетенциите за интеркултурно образование, а наставниците ја подобруваат наставата и практиките по наставните предмети општество и граѓанско образование, како и со наставниците по историја, етика, странски јазици, ликовно, музичко и физичко образование. Заедничките часови за учениците се часови за интерактивно учество, меѓусебно запознавање и заеднички изработен проект.
Проектот се реализира со поддршка на Бирото за развој на образованието, а општина Струмица како партнер ја обезбедува потребната административно-техничка поддршка.









Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.