Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Продолжуваат активностите од акцијата „Еко Фронт-Чиста да ни е“ во општина Струмица

Во рамките на планираната акција „Еко фронт-Чиста да ни е“ која што започна  минатиот месец, вчера се работеше во населеното место Сачево. На неколку локации, екипи на ЈПКД „Комуналец“ ги чистеа и миеја улиците, поставуваа канти за смет, засадуваа дрвца и чистеа канали.

Според градоначалникот Коста Јаневски, Еко фронт е комплексна акција која што има повеќе компоненти и која континуирано ќе трае во целиот нареден период.

Акцијата започна со чистењето на дивите депонии, кои претставуваа најголем проблем во општина Струмица. Тоа беше и причината за оваа акција да стане масовна и затоа е наречена Еко Фронт, како концепт кој што содржи повеќе сегменти – раззеленување на животната средина, садење на дрвца, чистење на околината, кампања со правење на спотови за едукација на населението, посебно на помладите и слично.

Таа се одвива благодарение на големата помош и поддршка од сите граѓани кои што несебично се вклучија со нивна механизација и „Комуналец“ кој, со сите свои ресурси и можности ја води и координира акцијата.

На терен се и инспекциите кои што работат во повеќе смени и веќе има видливи резултати по изречените санкции, а регистрирани се и прекршители на однесувањето кон природата.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.