Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Пријава за струмичанец кој преку Фејсбук му се заканувал на премиерот Зоран Заев

Струмичанецот Д.П (33) од струмичкото село Мокрино заработи кривична пријава од полицијата бидејќи преку лажен профил на Фејсбук „Андон Ќосето“ му се заканувал на премиерот Зоран Заев и неговото семејство. Тој ќе одговара за загрозување на нивната сигурност.

Според информациите од МВР – Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика  поднесол пријава против Д.П, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Тој преку лажниот профил споделил објава со заканувачка содржина кон премиерот и неговото семејство.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.