Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

При претрес на домовите на четворица Струмичани полицијата пронајде незаконски предмети, апарати и марихуана

На 27.02.2019-та во периодот од 10:30 до 12:40 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле  претреси во дом и помошни простории во сопственост на С.Г.(28), од кои две на локација во Струмица и еден дом во село Петралинци.

При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, две воздушни пушки, цевка од воздушна пушка, мобилни телефони, 16 стари монети и еден стар прстен.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Истиот ден и во истиот период, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претреси и во дом и други простории во сопственост на лицата Р.Б.(29), Г.В.(27) и Г.Г.(54), сите од Струмица.

При што биле пронајдени и одземени мобилни телефони и други технички апарати кои се предмет на извршени кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“.

По документирање на случаите, ќе следат соодветни поднесоци.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.