Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

При пожар во Баница изгоре дел од куќа а двајца се полесно повредени

Избувна пожар во куќа во населеното место Баница – Струмица, при што целосно изгоре една соба а две лица се полесно повредени и пренесени во струмичката болница – информираат од ТППЕ Струмица.

Пожарот избувнал околу 12 часот во просторијата која изгорела и благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, не се проширил и кон останатиот дел од куќата.

Како што информираат од ТППЕ Струмица, двете лица се здобиле со полесен степен на изгореници, најверојатно обидувајќи се да го изгаснат пожарот.

Денеска избувна и пожар на отворено кај селото Сушево, при што зафатена е поголема површина на стрниште.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.