Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Презентирани 15 видови брендирани шумски производи од Беласица

Вкупно 15 шумски производи беа презентирани и брендирани како „Беласица – природен производ“, како дел од проектот „Заштита на биодиверзитетот и брендирање на шумските плодови на Беласица“, кој го реализира општина Струмица во партнерство со „Натура Нова“.

Целта на овој проект е да помогне да се заштитат природните ресурси, истовремено подобрувајќи го и квалитетот на животот на локалното население, како и заштитената палета производи и нивни преработки, а тука се и креираните мапи со хабитати на шумски производи, пилот системот за одржлива употреба и контрола на биодиверзитетот на Беласица, како и обуката на регистрирани собирачи и обработувачи на шумски производи и персонал за контрола на пилот-системот и негово соодветно промовирање. 

Со реализацијата на овој проект, Струмица е прва општина во државата која поведе постапка за заштита на природата со одржливо користење на диворастечки-природни производи во својот регион, преку заштитени локални производи.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.