Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Презентација на Струмица на саемот за туризам „Holiday & SPA Expo” во Софија

Струмица ќе се претстави на Меѓународниот саем за туризам „Holiday & SPA Expo” во Софија, Република Бугарија

Во периодот од 13 до 15 февруари, Струмица ќе учествува на еден од најголемите туристички настани на Балканот, во друштво на повеќе од 350 изложувачи од регионот и над 20.000 посетители. Општина Струмица ќе го промовира Брендот Струмица, претстојниот Струмичкиот карневал и туристичката понуда на хотелите од Дестинација Струмица.

Во текот на тридневниот настан општина Струмица, заедно со претставници на хотел „Вила Парк”, комплекс „Лебедово Езеро” и хотел „Термал лукс и спа“ ќе ги промовираат своите туристички потенцијали и капацитети, но и новите производи и услуги. Посебна цел на саемската промоција на Струмица е привлекување на нови туристи и посетители од Бугарија на овогодинешниот Струмички карневал кој ќе се одржи на 29 Февруари.

Во рамки на саемската манифестација ќе учествуваат компании, водечки туристички агенции и претставници на туристички дестинации од над 25 земји од светот, со што овој настан претставува одлична можност за воспоставување нови врски и партнерства помеѓу бугарските туристички агенции и струмичките хотели, размена на искуства и добри практики помеѓу чинителите во туристичкиот сектор како и промоција на нови производи и услуги.

Учеството на општина Струмица на Меѓународниот саем за туризам „Holiday & SPA Expo” се реализира во рамките на спроведувањето на проектот „Промоција на туризмот и културата“ – ToCulter, финансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Грција 2014-2020.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.