Претставници од Подрачното Одделение за заштита и спасување Струмица, Црвен Крст Струмица, ЦУК Струмица и претставник од UNDP Скопје, во периодот од 16-ти до 18-ти декември, реализираа студиска, работна посета на градот Краљево, Република Србија.
Целта на посетата беше размена на искуства со колегите од Секторот за европски прашања и за цивилна заштита при градската администрација на градот Краљево и е поддржана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а во рамките на проектот „Градење на акциска мрежа за урбана отпорност во Југоисточна Европа“ – SEE URBAN, во која покрај останатите земји од регионот, учествуваат и Македонија и Србија.
Работниот дел од посетата се одвиваше во Одделението за цивилна заштита во Сектор за цивилна заштита при градската управа, каде се презентираа системите за заштита и спасување, нивните сличности и разлики, начинот на организирање и справување со сите предизвици, преку практични примери од секојдневното работење.
Во рамки на оваа активност, им беа претставени и активности со цел увежбување и подготовка за заштита и спасување и спроведување на проектот “Мала цивилна заштита”, кој се однесува на децата во градинките.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.