Преставници од единиците на Цивилната заштита на град Краљево заедно со претставници од Регионалниот центар за управување со кризи Струмица, Дирекцијата за заштита и спасување Струмица и Црвен Крст Струмица денес беа во работна посета на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Целта на посетата беше вмрежување, поврзување и споделување на добри практики врз основа на проектот „Градење на акциска мрежа за урбана отпорност во Југоисточна Европа“ – SEE URBAN, поддржана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Присутните на работната посета во Центарот за развој на Југоисточниот плански регион имаа можност да се информираат за веќе имплементираните проекти, долгогодишната добра соработка којашто Центарот ја има со УНДП, резултатите од веќе реализираните проекти со приоритетни оски заштита, спасување и справување со кризи како и презентирање на проекти од оваа област кои се во тек, како проектот Интегриран оперативен центар за хуманитарна помош – HELP кој вклучува дизајн на кластер од контејнери за извршување на клучни операции за олеснување при справување со катастрофи.
Посетата на Претставниците од Краљево, Република Србија ќе заврши денес со акција – вежба спасување од непристапен терен на планина, а учесници на самиот настан ќе бидат и Црвен Крст, Охрид. Вежбата ќе се изведува во 10 часот на св.Илијски порој под трим патека на место св.Илија во Струмица.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.