Претставата „Животинска фарма“ од Џорџ Орвел, во режија на Љупчо Георгиевски, а во изведба на актерите од НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, ја доби наградата за современа сценска драматизација и адаптација, на 54-тото издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
На фестивалот кој се одржа во саботата (15.06.2019-та година), беа доделени наградите за најдобрите актери и претстави, од страна на оценувачката комисија во состав на Бедиа Беговска – претседател и членовите: Љиљана Богоевиќ и Маја Вељковиќ-Пановска.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.