Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше во посета на Струмица

Претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со високите партиски претставници Александар Николовски и Владо Мисајлоски, вчера, на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, беа во посета на Струмица.

Тие остварија средба со членовите на Месниот комитет на Седма урбана заедница, каде на 11-ти декември секоја година се организира ручок со бел грав по повод верскиот празник.

„Лошо ја водите работата, ја губиме државата, економијата ни тоне, народот е разочаран, луѓето се иселуваат, нема реформи. Се што ветувте ништо не исполнивте. Ајде да седнеме, конструктивно да работиме за да можеме да обезбедиме подобар живот за граѓаните. Па, макар еве, уште една година вие биле влада. На следните избори, да презентираме пред граѓаните она што имаме да им го понудиме, па тие нека одлучат кому ќе ја дадат довербата“ – порача Мицкоски од Струмица.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.