Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Препораки до граѓаните за аерозагадувањето

Министерството за животна средина и просторно планирање упатува препораки до граѓаните, поради загадувањето на воздухот и надминување на прагот на информирање утврден на вредноста од 100 микрограми на метар кубен, во текот на два последователни дена.

Од министерството препорачуваат да не се излегува без потреба, да се користи јавен превоз, да не се користат возилата без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, за затоплување на просториите да не се користи прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво или мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал и правилно да се користат печките на дрва.

Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје пак, препорачуваат ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација како деца, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцевиот систем, белодробна астма, но и лица кои професионално работат на отворен простор.

И Струмица е меѓу општините со највисока загаденост. Се препорачува мерките да ги применуваат сите жители.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.