Синоќа во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица премиерно беше прикажан филмот „Ругање со Христос“ на режисерот Јани Бојаџи. Пред почетокот на филмот, Бојаџи им се обрати на присутните заблагодарувајќи им за присуството и замоли за едноминутно молчење во чест на починатиот режисер и негов колега – Љубиша Георгиевски.
Дваипол часовното прикажување на филмот допре до срцата на сите во публиката. Како што опишува Јани Бојаџи, филмот прикажува луѓе кои се во потрага по својот идентитет и стравот од она што може да се открие во таа потрага. „Ругање со Христос“ е приказна за потребата да се дефинираме кои сме и што сме.
Одличната актерска изведба на главните улоги: Љупчо Тодоровски, Јоана Пилиху, Јоана Поповска и Мето Јовановски, придонесе во соодветното пренесување на емоциите во потрагата на сопствениот идентитет и себеси и нѐ потсетија на болната точка во македонската историја.
Крајот на филмот беше поздравен со овација од публиката а дел од актерската екипа излезе на сцената да се заблагодари за нивното присуство но и дадоа можност да постави прашање секој кој го интересира било што во врска со овој филм.
„Ругање со Христос“ ќе се прикажува и вечерва (петок, 7.12.2018) и утревечер (сабота, 8.12.2018) со почеток од 19 часот.








Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.