Oвластениот комунален инспектор и овластениот инспектор за животна средина од општина Струмица, вчера во 9 часот, во континуираната акција за откривање на лица и субјекти кои вршат загадување на амбиенталниот воздух во општина Струмица затекнаа двајца согорувачи на отпадни кабли покрај патот на излезот од Струмица кон Костурино.
Против нив ќе бидат изречени четири прекршочни мерки согласно законот за јавна чистота и законот за управување со отпад.
Од општина Струмица апелираат до сите граѓани кои ќе забележат било какви активности кои го загадуваат амбиенталниот воздух да пријават во инспекциските служби на општината.



Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.