Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Предавање и работилница со Силвија Хушар наменети за театарската, книжевната и културолошката заедница

На 11-ти септември 2019-та година (среда) од 11 часот, во фоајето при Центарот за култура „Антон Панов“ – Струмица, бесплатно ќе се одржи предавање и работилница на Силвија Хушар.

Предавањето е наменето за: театарската, книжевна и културолошка заедница на Р. Македонија (професори, студенти, истражувачи, преведувачи, драмски автори, драматурзи, актери, режисери, продуценти, менаџери) и ансамблот на НУ Театар Антон Панов-Струмица (актери, режисери, драматурзи, продуценти, театарски менаџери).

Работилницата е со структура на отворен семинар и ќе се одржи во малата сала во „Антон Панов“ – Струмица и е наменето за истите погоре спомнати групи.

Официјален јазик на предавањето и работилницата е англискиот јазик. Заинтересираните треба да испратат пријави на следниот мејл: macedoniancenterofiti@gmail.com (со назнака: За учество на предавање/работилница на Силвија Хушар)

Краен рок за пријавите е 31-ви август 2019.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.