Легендарната Неда Арнериќ, српска и поранешна југословенска филмска, театарска и тв-глумица која ја знаеме и ние од многу македонски филмови, а најмногу од филмот “Исправи се, Делфина“ доаѓа во Струмица.
Таа по подолго време се врати на сцената, но се врати и во вистинскиот живот.
Со новата театарска претстава „Се извинуваме, многу се извинуваме” на 14 октомври ќе настапи во големата сала на Центарот за култура. За оваа претстава Неда Арнериќ добива бурни и долги ракоплескања од публиката ширум регионот.
– Текстот на претставата се однесува на луѓето во постари години кои бараат сродни души. Јас од своето животно искуство би порачала: “Луѓе, не се откажувајте од животот, дури и кога ви е најтешко, кога сте оставени сами, кога никому не му требате. А, тоа е само привидно. Бидејќи повторно ќе најдете некој со кој ќе го поминете остатокот од животот, со кого ќе ви биде убаво, изјавила Неда.
Билетите по цена од 250 ден се пуштени во продажба и брзо се продаваат.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.