Од 16-ти до 17-ти април 2019-та година, тим од 6 пожарникари на ТППЕ Струмица, учествуваше на дводневна обука за користење на хидрауличен алат за спасување од сообраќајни незгоди.
Оваа обука беше спроведува во соработка на Дирекцијата за заштита и спасување со АРМОР ПЛУС ДОО увоз-извоз, со посредство на Холанската амбасада во Скопје, во просториите и капацитетите на ТППБр на Град Скопје.
Обуката беше спроведена од страна на овластени лица од компанијата ХОЛМАТРО од Холандија и на неа присуствуваа 59 пожарникари од земјава и 4 гости-пожарникари од Република Хрватска.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.