Синоќа изби пожар над селото Габрово, на планината Беласица, во кој се зафатени борова и букова шума – информираат од Шумското стопанство „Беласица“ – Струмица.
Според Шефот на заштита на шуми при Шумското стопанство „Беласица“ – Никола Ристов, на местото на пожарот испратени се 12 вработени кои се обидуваат да го стават под контрола.
Според него, откако почна ловната сезона, се почесто има и пожари на планината Беласица и затоа апелира до сите кои се движат низ шумата, особено ловците, да бидат повнимателни и да не палат оган на отворено.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.